Студентите на ФДЕИОН при УАКС во посета на ГфК Скопје

На 25 април (вторник) 2017 година, студентите по маркетинг при Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС ја посетија локалната канцеларија на ГфК Скопје.

Студентите беа предводени од нивниот предметен наставник, д-р Љупчо Ефремов. Менаџерот за развој на бизнисот, г-ѓа Мевлија Грбовиќ, ја презентираше компанијата и даде краток осврт на маркетинг индустријата  во државата.

Студентите се впуштија во дискусија со вработените, на теми како однесување на потрошувачите и користење на истражувања од страна на маркетинг одделите.

Similar Posts