Студенти од ФДЕИОН во посета на Македонската берза

На 20 декември 2017 година, студентите од трета година студии при Факултетот за деловна економија и организациони науки ја посетија Македонската берза АД Скопје, со цел да следат презентација за Македонската берза на хартии од вредност, како и работењето на Централниот депозитар. Овие две институции се главните двигатели на македонскиот пазар на капитал. Презентацијата беше одржана од страна на г-а Евита Иванова, директор на административниот и финансиски оддел и надлежно лице за односи со јавноста, како и г-дин Антонио Панев, финансиски аналитичар во Централниот депозитар. Оваа посета во рамки на наставата беше овозможена од страна на виш научен соработник д-р Јадранка Мршиќ, со цел студентите да можат од прва рака да дознаат повеќе за финансиските институции во РМ.

Similar Posts