Шести натпревар во читање на УАКС Одбележување на 135 години од раѓањето на Вирџинија Вулф

На 19 април (среда) 2017 година, на Факултетот за странски јазици на Универзитет Американ Колеџ Скопје се одржа шестиот натпревар во читање и јавна изведба на литературни текстови за ученици од средните училишта. Оваа година, натпреварот беше посветен на англиската писателка Вирџинија Вулф и навршувањето на 135 години од нејзиното раѓање.

На натпреварот учествуваа 80 ученици од трета и четврта година од 18 средни училишта од цела Македонија, кои се подготвуваа под менторство на нивните наставници.

Универзитет Американ Колеџ Скопје им го честита првото место на Едвин Брамс, Кристијан Атанасов, Мони Михајловски и Никола Ќамилов од средното училиште СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, под менторство на професорката Александра Кошчицовска.

Второто место и го честитаме на ученичката Ивана Цветанова од средното училиште СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, под менторство на професорката Верица Јанкова.

Третото место им го честитаме на учениците Ненад Стојчевски, Леон Тунев, Давид Стојановиќ и Александар Шалевиќ од средното училиште СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, под менторство на професорката Александра Кошчицовска.

Исто така, им се заблагодаруваме на сите ученици кои учествуваа како и на професорите ментори за нивниот труд.

 

Similar Posts