Студентите на ФДЕИОН во посета на Марант консалтинг

На 29 ноември 2017 година, студентите на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кои го следат предметот студии на случај од финансии кај предметниот наставник доц. д-р Снежана Христова, ја посетија компанијата МАРАНТ Консалтинг и имаа можност да следат предавање од страна на г-а Марјана Андриќ, генерален директор на консалтингот.

За време на посетата, тие беа запознаени со модерните концепти на сметководството и консултантските бироа како иновативна платформа за сметководствени услуги, а воедно и следеа презентација за интегрирани бизнис платформи и нивна имплементација за подобрување на деловните процеси.

Similar Posts