Честитка за среќни празници и известување за зимски распуст

Почитувани,

Би сакале да ве известиме дека последен работен ден на УАКС во календарската 2018 година ќе биде 26 декември 2018 година, среда.

Просториите на Универзитетот ќе бидат затворени во текот на зимскиот распуст, односно, во периодот од 27.12.2018 година до 08.01.2019 година.

Прв работен ден за академскиот и административниот кадар на Универзитетот, и првиот ден на настава на студиските програми на втор циклус (постдипломски) студии во новата 2019 година ќе биде 9 јануари 2019 година, среда.

Согласно академскиот календар за 2018/2019 година, првиот ден на настава на прв циклус (додипломски) студии во новата 2019 година започнува на 14 јануари 2019 година, понеделник.

Универзитет Американ Колеџ Скопје на своите студенти, наставници и административен кадар им посакува честит Божиќ, среќна Нова година и пријатен зимски распуст! Вам и на вашите семејства ви посакуваме добро здравје, среќа, мир, благосостојба и успеси во претстојната година.

Воедно, на сите припадници од католичка вероисповед им го честитаме денешниот празник, 25 декември – првиот ден на Божиќ.

Со почит,
Универзитет Американ Колеџ Скопје

Similar Posts