Студентите на постдипломски студии на ФДЕИОН при УАКС во посета на компанијата Квенбергер Логистика Македонија

Како дел од процесот на интеграција на теорија и пракса, студентите на постдипломски студии по маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, имаа можност да искусат еднодневна посета на компанијата Квенбергер Логистик Македонија.

Посетата на компаниите претставува одлична можност за поврзување на концептите и наставната програма со случувањата во светот на бизнисот. Притоа, студентите на постдипломски студии по маркетинг имаа ретка можност да научат повеќе за практична примена на стекнатото теоретско знаење, преку запознавање и разговор со професионалци, кои ги применуваат овие концепти во нивната секојдневна работа.

За време на посетата, студентите беа воведени во активностите на групацијата на Квенбергер Логистик, како и нивното портфолио на услуги. Исто така, на студентите им беа презентирани активностите на компанијата на македонскиот пазар. За време на прошетката низ просториите на компанијата, студентите имаа можност да стекнат информации за практичните проблеми со кои се соочуваат вработените во текот на нивните секојдневни активности, работата во магацинот и практичната примена на информатичката технологија. Тие размислуваа во насока на сместување, односно складирање на производите во магацинот, и нивно доставување до местата на крајна потрошувачка.

Студентите поминаа квалитетен дел од времето во учење за дистрибуција и логистика, при што одлучија да ги споделат своите впечатоци од посетата на оваа компанија.

Студентката Вероника Трајковска го изјави следното: „Посетата на Квенбергер Логистика Македонија беше одлично искуство. Имавме можност да видиме како практично се одвиваат работите за кои што учевме за време на предавањата. Исто така, имавме можност да го видиме правилниот начин на кој што се одвиваат работите во најголемата логистичка компанија во Македонија“.

Студентот Лука Пажин исто така го сподели своето искуство, велејќи: „Посетата беше интересна, бидејќи сметам дека секој имаше можност да научи нешто ново и да добие нови идеи за во иднина“.

Студентот Борис Георгиевски го сподели своето искуство од посетата, за која што вели дека особено му помогнала, бидејќи за време на истата се информирал за значајни работи, кои што ќе претставуваат водилка за патот кој тој ќе го следи во неговата професионална кариера.

image-0-02-05-d0b5021f0207842dd2c8291b388700d77a5771917acce34795b54eea35cadca8-Vimage-0-02-05-ca74367d85a6e9b4ac7fdb54aea6d27fc150e4ac30e7d406ff46e99a041579b0-V

 

Similar Posts