Гостинско предавање на г-а Татјана Насевска-Додевска

На 26 декември 2016 година (понеделник), студентите по психологија кои следат настава по предметот Развој на деца и тинејџери со предметниот наставник, вон. проф. д-р Ана Томовска-Мисоска, имаа можност да присуствуваат на гостинско предавање на г-а Татјана Насевска-Додевска, психолог на тема: „Работа со деца на училишна возраст: методи и пристапи“.

Г-а Татјана Насевска-Додевска го сподели своето искуство од работата со децата на училишна возраст.

Студентите учествуваа во дискусија во однос на нејзините методи на работа и пристап при работа со деца, родители и наставници. Исто така, студентите имаа можност да погледнат тестови за проценка на когнитивниот и емоционалниот развој кај децата и да поразговараат за стратегиите кои се користат при работа со учениците со одредени проблеми.

Similar Posts