Седмо Генерално собрание на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

На 22 февруари (среда) 2017 година, во Сити хол центарот во Скопје се одржа седмото Генерално собрание на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС).

На настанот присуствуваа компаниите-членки на Деловниот совет на УАКС, помагателите на Фондацијата УАКС, како и почесните гости: гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г-дин Димитар Богов, шефот на катедрата по деловна економија на Универзитетот „Тор Вергата“ од Рим, проф. Лука Гнан и директорот на Интеруниверзитетскиот центар за студии во областа на семеен бизнис од Универзитетот на Источен Пиемонт, Италија, проф. Лукреција Соњини.

DSC_9335

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Генералното собрание започна со обраќањето на м-р Антони Пешев, претседател на Деловниот совет на УАКС и претседавач на Собранието на Стопанската комора на Република Македонија. Тој го презентираше извештајот за работата на Деловниот совет за академската 2015/2016 година и резултатите од активностите на компаниите-членки во Деловниот совет. Воедно, г-дин Пешев ги претстави новите студиски програми на Универзитетот, достигнувањата на наставниот кадар и студентите и исто така сподели информации со присутните во насока на реализираната практична работа и вработливоста на студентите по завршувањето на нивните студии на еден од шесте факултети во состав на УАКС.

DSC_9307

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На овогодинешното Генерално собрание на Деловниот совет на УАКС, како почесен гостин, на присутните гости им се обрати проф. Лука Гнан, професор по организациско однесување и шеф на катедрата по деловна економија на Универзитетот „Тор Вергата“ од Рим, Италија. Воедно, проф. Гнан е поранешен претседател на Европската академија за менаџмент (EURAM). Во своето обраќање, тој истакна дека од особено значење е вмрежувањето на универзитетите и деловната заедница, кое има за цел стекнување на ново знање, освен теоријата која се изучува во учебниците. Тој упати порака дека преку процесот на истражување на одредена тема, студентите имаат можност да се стекнат со нови знаења, кои што потоа можат да се претстават пред деловната заедница. Потоа, таа би го дала својот придонес во процесот на формирање на нови студиски програми на универзитетите согласно потребните вештини и квалификации на пазарот на труд.

DSC_9363

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан Бојаџиев, ја имаше честа да им додели плакети во знак на  благодарност на институциите кои ја дале својата несебична поддршка во активностите на Универзитетот:

Finance Think – доделена плакета за постојаната поддршка во подигање на свеста за значењето на истражувањето и придонес во развојот на економската мисла

Амбасадата на САД во Република Македонија – доделена плакета за постојаната поддршка на УАКС и нивните напори во насока на овозможување на пристап до квалитетно образование за секоја индивидуа и создавање на подобро општество.

Воедно, ректорот на Универзитетот додели плакета на почесниот гостин на настанот, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г-дин Димитар Богов, а во знак на благодарност за неговата лична вклученост и постојаната поддршка на Народната банка на РМ во академските и научни активности на УАКС, како и за напорите на оваа институција за подобрување на квалитетот на високото образование.

DSC_9379

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Потпретседателот на Управниот одбор на Фондацијата УАКС, доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски, им додели плакети во знак на благодарност на компаниите донатори кои што го дале својот придонес во Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитетот.

Компаниите на кои им беа доделени благодарници за нивната постојана поддршка на Фондацијата УАКС и нивните напори за обезбедување на пристап до квалитетно образование за секоја индивидуа и создавање на подобро општство се:

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

Алкалоид АД Скопје

ТАВ Македонија

Сити радио 94.7 ФМ

Метрополис радио 99.4 ФМ

Клуб ФМ радио 103.4

Макстил АД Скопје

БТА Скопје

Витаминка АД Скопје

DSC_9391

DSC_9399

 

 

 

 

 

 

 

 

Ректорот на УАКС ги именуваше новите членови на Одборот на старатели на Деловниот совет на УАКС:

Д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг – претседател на Деловен совет на УАКС,

Г-а Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси во Цементарница УСЈЕ АД Скопје – потпретседател на Деловен совет на УАКС,

М-р Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на РМ и директор на „Ултра“ – Скопје – член на Одборот на старатели на Деловниот совет на УАКС

Д-р Димитар Ковачевски, извршен директор на оне.Вип – член на Одборот на старатели на Деловниот совет на УАКС,

Г-дин Дарко Гелев – извршен директор на Сити радио, Метрополис радио и Клуб ФМ радио – член на Одборот на старатели на Деловниот совет на УАКС,

М-р Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернер на Народната банка на Република Македонија – член на Одборот на старатели на Деловниот совет на УАКС,

Г-ца Ивана Марковска, извршен директор на Рудине ММ – член на Одборот на старатели на Деловниот совет на УАКС,

Г-дин Никола Евтимов, директор на службата за човечки ресурси во Алкалоид АД Скопје – член на Одборот на старатели на Деловниот совет на УАКС.

DSC_9426

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Настанот беше заокружен со завршното обраќање на конферансието, која им се заблагодари на присутните гости за присуството и ги покани на коктел, кој се одржа во фоајето на Сити хол центар.

Similar Posts