Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за планирање на просторот и Универзитет Американ Колеџ Скопје

На 26 февруари 2021 г. во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје, директорката на Агенцијата за просторно планирање, м-р Андријана Андреева, и деканот на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Мишко Ралев, потпишаа Меморандум за соработка.
Овој меморандум означува взаемна заложба за унапредување на заедничката соработка во областа на едукацијата и усовршувањето професионален кадар од студентите на ФАД за потребите на Агенцијата, која е водечка институција во земјата за урбанистички и просторни планови.
Покрај меморандум за соработка, денес беше потпишан и договор за членство на АПП во Деловниот Совет на УАКС, што отвора и дополнителни можности и услови за размена на искуства, знаења и едукација. Со овој значаен чин се креира и формално правна рамка за взаемна помош и поддршка на Агенцијата и Универзитетот во повеќе области од заеднички интерес, меѓу другото и стипендирање, доделување школарини, научноистражувачка работа, изработка на документи, организација на настани и взаемна експертска помош од областа на урбанизмот и просторното планирање.

Similar Posts