Сашка Костовска Длака од ВФП АД Осигурително брокерско друштво, гостин предавач на УАКС

На 21 февруари 2018 година, г-ѓа Сашка Костовска-Длака, финансиски советник и осигурителен брокер на ВФП АД Осигурително брокерско друштво беше гостин предавач во рамки на предметот Маркетинг менаџмент кај доц. д-р Крум Ефремов, и одржа предавање на тема „Маркетинг стратегии на финансиски планер“.

Фокусот на предавањето беше ставен на животното осигурување и инвестициските фондови, како услуги кои имаат голема перспектива на македонскиот пазар. Воедно, беа презентирани и маркетинг стратегиите за поголема продажба на финансиските услуги, како и најновите трендови во оваа област на глобалниот и регионалниот пазар. Исто така, на студентите им беа претставени и можностите за активно вработување во овој бизнис.

Similar Posts