Проф. Томе Неновски, Ректор на УАКС, беше реизбран за Претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи на РСМ

Вчера, 22.03.2021 г. преку онлајн платформата Webex се одржа 7-та седница на Конференцијата на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија (КПВУ), тело кое работи на развивање на меѓусебната соработка во областа на високообразовната и научно-истражувачка работа, во согласност со заедничките цели и интереси на спогодбените страни.

По двегодишната работа на КПВУ, професор Томе Неновски, Ректор на УАКС, беше реизбран за Претседател на КПВУ, а Марина Стојановска, Заменик генерален секретар на УАКС беше избрана за Генерален секретар на КПВУ.

Ова тело е единствено од ваков карактер во земјата и придонесува за развојот на јавните политики во сферата на високото образование во земјата и пошироко.

Similar Posts