Интервју со доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски за магазин ‘Капитал’

На 29 септември 2017 година, проректорот за настава на УАКС, доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски, го имаше своето второ интервју за бизнис магазинот ‘Капитал’.

Таа зборуваше за филантропската работа, најзначајните општествено-одговорни практики во кои таа и нејзиниот тим на УАКС беа ангажирани, како и за следните хуманитарни и општествено-одговорни активности и проекти на кои тие ќе се фокусираат.

Воедно, таа го искажа своето мислење во однос на создавање на подобри услови за хуманитарна и општествена работа, од аспект на регулативата.

Доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски е проректор за настава и потпретседател на Одборот на директори на Универзитет Американ Колеџ Скопје. На 26 август 2017 година, свечено и’ беше врачена државната награда ‘Мајка Тереза’ за 2017 година. Државната награда „Мајка Тереза“, традиционално, секоја година се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Интервјуто со доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски можете да го погледнете на следниот линк.

Similar Posts