% Discount at UACS Alumni Businesses

% Discount at UACS Alumni Businesses

Почитувани студенти,

Чест ни е да ви ги претставиме АЛУМНИ бизнисите кои станаа дел од иницијативана на Универзитетското Студентско Собрание при УАКС. Сите подолу наведени бизниси им нудат значителен попуст на студентите на УАКС, со цел нивно поддржување и промоција. За секој бизнис следат дополнителни информации, соодветно. Се надеваме ќе ги поддржите, и во иднина можеби и вие ќе бидете дел од оваа листа.

 

  1. NIQUE FASHION – Македонски нов бренд, кој работи исклучително како е-продавница.

 

  1. Angie M – бренд за рачно изработени костими за капење, облека за на плажа и спортска опрема.

 

  1. The Daydream – “The Daydream Planner” е совршено катче за ослободување на сопствената креативност и поттик на личната систематизираност и организација. Нашата цел е овој планер да стане тајната на сите мечтатели кои сакаат да останат на врвот на своите одговорности, обврски, цели и соништа.

 

  1. BeautyHub – е платформа каде може да најдете сè што ве интересира за нега на лице – ќе прочитате актуелни и детално истражени совети како и совети од дерматолози и ќе дојдете до оној порцелански тен кој го посакувате, без да го пребарувате целиот интернет. На BeautyHub, ќе можете да најдете и многу квалитетни производи, внимателно одбрани за да обезбедат максимална и квалитетна нега и да ги следат основните чекори за вистински порцелански сјај.

 

  1. Студио Примма- е центар за странски јазици и студио за изработка на превод од разни области.