Посета на ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје на УАКС

На 22 февруари 2018 година, УАКС беше домаќин на учениците од трета и четврта година од билингвалните паралелки на германски наставен јазик при СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје.

Шефот на кабинет на ректорот, м-р Александра Караџа им посака топло добредојде на учениците и професорите од училиштето, притоа претставувајќи ги предностите и поволностите од студиите на УАКС. Одличната комуникација со наставниот кадар, истакнатите професори од земјата и странство кои го пренесуваат своето знаење и искуство на студентите, малите групи во кои се следи наставниот процес, можностите за студии во странство, студиските програми на македонски и на англиски наставен јазик, можноста за вршење практична работа во најуспешните компании и институции во Македонија, се само дел од поволностите кои придонесуваат за врвноста во високото образование со која се одликува Универзитетот.

Потоа, на нивно огромно задоволство, учениците имаа можност да проследат предавање од нашиот истакнат визитинг професор од Универзитетот Вормс од Германија, проф. д-р Мајкл Греф. Како роден говорител на германскиот јазик, тој говореше за германската култура, традиции, верувања и култура на водење бизнис. Претставувајќи им практични примери од деловниот свет и поттикнувајќи дискусија, професорот им озвоможи на студентите да вежбаат комуникација на германски јазик, и притоа, да го збогатат својот речник.

Пред завршетокот на посетата, на студентите им се обрати Сандра Станчевска, студент во прва година додипломски студии на Факултетот за политички науки при УАКС и поранешен ученик на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје. Таа накратко го изложи своето искуство како студент на нашиот Универзитет и можностите кои им се пружаат на студентите за време на студиите.

Посетата беше заокружена со прошетка низ просториите на УАКС.

Similar Posts