Трето издание на интердициплинарната манифестација Студентска музичка пролет 2020

Од 15 до 30 јуни 2020 година, по третпат ќе се одржи интердисциплинарната манифестација „Студентска музичка пролет“ со серија онлајн настани. Овогодинешното издание опфаќа предавања, концерт, рецитал, научна средба и работилница за интердисциплинарни истражувања во книжевноста.

Програма

15 јуни 2020, 18:00 – Предавање на проф. д-р Владимир Мартиновски – „Музичките инструменти во поезијата“, концерт ВлаДуоМир – хаику концерт под маски (17 теми за 17 песни) (Facebook live streaming)

Модератор: доц. д-р Мира Беќар (УКИМ)

17 јуни 2020, 18:00 – Предавање на Оливер Јосифовски („Љубојна“) „Ритамот – Движењето, Музиката – Дишењето“ (Facebook live streaming)

Модератор: доц д-р Мира Беќар (УКИМ)

19 јуни 2020, 20:00 – концерт на Андреа Коева и Кристијан Шевченко (Facebook Watch Party)

27 јуни 2020, 18:30 Научна средба – Интердиспицлинарни истражувања во книжевноста „Зборовите и музиката“, Рут Џејкобс (САД), Лаура Ватано(Италија), рецитал (Webex  Event со регистрација)

Модератор: доц. д-р Ивана Трајаноска (УАКС)

29-30 јуни 2020 11:00 – 13:00 Интердисциплинарна работилница „Проза и музика“ –  доц. д-р Ивана Трајаноска (Webex Event со регистрација)

За сите дополнителни прашања, како и за сите потребни информации во врска со  настаните, посетете ја фејсбук страницата https://www.facebook.com/studentskamuzichkaprolet/ или пишете на studentskamuzichkaprolet@gmail.com

„Студентска музичка пролет“ е интердициплинарен проект кој има за цел да го подобри квалитетот на културниот живот на студентите преку организирање културни настани на самите универзитети. Исто така, СМП го промовира интердициплинарниот пристап во уметноста и академските истражувања и се стреми да го доближи до студентите. Во фокусот на проектот е музичката уметност и нејзините врски со другите уметности, научни дисциплини и општеството.

СМП 2020 е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Универзитетот Американ колеџ Скопје.

Similar Posts