Семинар за ориентација и насочување – 26-ти и 27-ми октомври!

Драги бруцоши,

Како и секоја година, така и оваа, УАКС организира Семинар за насочување и ориентација на нашите новозапишани студенти.

Целта на овој семинар е подобро запознавање со правата и правилата на студирање, начините на употреба на ресурсите на Универзитетот, како и одговор на сите прашања кои се од ваш интерес, а се поврзани со студентскиот живот на УАКС.

За следните факултети (кои имаат настава на англиски јазик), семинарот ќе се одржи на 26 октомври (четврток), со почеток во 12:00 часот во Амфитеатар 1:

  • Факултет за деловна економија и организациони науки
  • Факултет за компјутерска техника и информатика
  • Факултет за политички науки
  • Факултет за странски јазици

За следните факултети (кои имаат настава на македонски јазик), семинарот ќе се одржи на 27 октомври (петок), со почеток во 12:30 часот во Амфитеатар 1: 

  • Факултет за деловна економија и организациони науки (настава на македонски јазик)
  • Факултет за архитектура и дизајн
  • Факултет за правни науки

Ве очекуваме!

Со почит,

УАКС

Similar Posts