Според ИДЕАС/Репек, Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС прворангиран во Македонија

ИДЕАС Репек (IDEAS/RePec) претставува најголема датабаза на податоци во областа на економија и бизнис, каде што има индексирано повеќе од 2,200,000 истражувачки написи.

Во моментов, оваа база на податоци вклучува 17 институции од Македонија, меѓу кои: 8 факултети за економија, 3 економски институти (think-tanks), 5 владини институции во областа на економијата и 1 меѓународна организација во Македонија.

Исто така, датабазата опфаќа 40 економисти од Македонија, кои се регистрирани во датабазата и кои што ја имаат објавено својата истражувачка работа во светот.

Ни претставува особена чест да Ве известиме дека трета година по ред, Факултетот за деловна економија и организациони науки (ФДЕИОН) при Универзитет Американ Колеџ Скопје се наоѓа на врвот на листата, како прворангирана институција за истражување во областа на економијата и бизнисот во Република Македонија.

Воедно, академскиот кадар на УАКС се наоѓа на врвот на листата на истражувачи во областа на економијата. Имено, од деветте најдобро рангирани истражувачи, 4 се дел од академскиот кадар на УАКС (места број 1, 2, 3 и 5), додека еден од нив е студент на докторски студии при Докторската школа на УАКС.

marjan-petreski

nikica-mojsoska-blazhevski

igor_velichkovski

aneta-krstevska

 

 

 

 

 

 

Универзитетот е рангиран на второто место како институција во областа на истражување, согласно Шангајското рангирање на високообразовните институции во Република Македонија.

УАКС продолжува да инвестира во истражувачките активности на своите истражувачи, и притоа им дава поддршка во насока на присуство на конференции, објавување на научно-истражувачки трудови во меѓународни списанија, како и финансиска поддршка за поднесување на апликации за проекти.

За дополнителни информации околу рангирањето на ФДЕИОН при УАКС, спроведено од страна на ИДЕАС, Ве молиме посетете го следниот линк.

Similar Posts