Г-ѓа Тања Јакимовска како гостин-предавач на катедрата по психологија на УАКС

На 21 ноември 2017 година, студентите од трета година додипломски студии на катедрата по психологија при УАКС, имаа можност да слушаат предавање на тема: „Примена на психолошки тестови во организација“ во рамки на предметот психолошки тестови и мерки. Гостин-предавач на оваа тема беше г-ѓа Тања Јакимовска, која има повеќе од 10-годишно работно искуство како организациски психолог во најголемата компанија за информациска технологија во Македонија, Сеавус (Seavus).

Во текот на предавањето, студентите се запознаа со практичната примена на психолошките тестови и мерки во бизнис окружувањето, во делот на регрутација и селекција на кандидати, во процесот на промовирање на веќе вработените лица во компанијата, во делот на тренинг и кариерен развој, како и во делот на развој на тимови во организацијата.

Similar Posts