Посета на Меѓународното училиште „Нова“

На 22 ноември 2017 година, во рамки на предметот синтакса, студентите од Факултетот за странски јазици при УАКС придружувани од нивниот предметен наставник, вон. проф. д-р Марјана Ванева, беа во посета на просториите на Меѓународното училиште „Нова“ – Скопје. Тие набљудуваа напредна група која го слуша предметот уметност на читање и јазик (Reading and Language Arts), за време на кој учениците го изучуваат англискиот јазик преку читање литература. Нивниот наставник е Дијана Обрадовиќ.

Целта на посетата на ова училиште и на оваа група, беше студентите од ФСЈ да увидат како доброто познавање на англиски јазик и неговата правилна употреба гледано низ примерот на оваа група, придонесува за непреченост во комуникацијата, ја зголемува самодовербата и самоизразувањето на учениците. Врз основа на ова, беше лесно да се предвиди како неправилната употреба на синтаксата, односно употреба на синтаксички неправилни реченици, може да го попречи изразувањето на учениците на англиски јазик.

Студентите на УАКС се во трета година додипломски студии и слушаат синтакса, како дел од нивните задолжителни предмети.

Similar Posts