|

УАКС доделува 3 целосни стипендии за MBA – Master in Business Administration

Врз основа на член 11 од Статутот на Фондацијата за стипендирање

и професионален развој на Универзитет Американ Колеџ Скопје,

Управниот одбор на Фондацијата распишува

КОНКУРС 

ЗА

ТРИ СТИПЕНДИИ

ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА

НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

 

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитет Американ Колеџ Скопје е основана со цел да создава професионален кадар преку обезбедување квалитетно школување. Во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје и Деловниот совет на УАКС, Фондацијата распишува конкурс за стипендии за постдипломски студии на УАКС.

 

  1. ОПИС

За академската 2021/2022 година ќе бидат доделени вкупно 3 (три) целосни стипендии за студиската програма MBA – Master in Business Administration, на англиски јазик.

Факултет за деловна економија и организациони науки
MBA – Master in Business Administration

Студии на англиски јазик

 

  1. УСЛОВИ

Конкурсот е отворен за сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат следните услови:

  • Да имаат завршено додипломски студии со 240 кредити;
  • Да се во редовен работен однос со работно искуство од најмалку две години;
  • Да имаат познавање на англиски јазик

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
  • Пополнета електронска апликација https://forms.gle/1MyK43wSsyiJRWGh7
  • Уверение за положени испити од прв циклус студии (копија или скениран документ)
  • Потврда за познавање англиски јазик
  • Потврди за лични приходи на кандидатот
  • Мотивациско писмо (со должина од максимум 300 зборови, напишано на англиски јазик)
  • Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со податоците внесени во пријавата (изјавата не мора да биде нотарски заверена)

 

Сите документи треба да се достават од 17.11.2021 г. до 06.12.2021 г. на еден од следните начини:

  1. Електронски, на networking@uacs.edu.mk
  2. По пошта, на адреса: Фондација УАКС, Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје, со назнака: Конкурс за MBA стипендија за 2021/2022 г.

 

  1. ТЕСТИРАЊЕ

По завршувањето на рокот за апликации, на 07.12.2021 г. сите пристигнати кандидати ќе добијат тема за есеј, кој треба да се достави најдоцна до 12.12.2021 г.

На 13.12.2021 г. сите кандидати ќе имаат онлајн интервју со претставници од УАКС. Термините за интервју ќе бидат однапред најавени и договорени со секој кандидат поединечно.

 

  1. КРИТЕРИУМИ И НАЧИН НА БОДУВАЊЕ
Критериум Максимум бодови
Просечен успех 20
Финансиски услови 10
Мотивациско писмо 10
Есеј 30
Интервју 30
Вкупно 100

 

Финалните резултати ќе бидат објавени на 17.12.2021 г. на www.uacs.edu.mk. Приговори за резултатите може да се достават онлајн на networking@uacs.edu.mk до 19.12.2021 г. Стипендија добиваат првите 3 кандидати од списокот. Добитниците на стипендии во рок од 3 дена по објавувањето на списокот треба да потпишат Договор за стипендирање, најдоцна до 22.12.2021 г. Во случај да не се изврши упис во предвидениот рок, стипендијата ја добива следниот кандидат на списокот.

 

  1. ОБВРСКИ НА СТИПЕНДИСТИТЕ

Висината на стипендијата соодветствува со школарината за студиската програма. Корисниците на стипендија се обврзани да одржат просек од 3.67 GPA (А) и да бидат учесници во тековните активности на УАКС. Доколку кандидатот не го оствари потребниот просек, го губи правото правото на стипендија.

 

 

 

 

Similar Posts