Честитка за среќни празници и известување за зимски распуст

Почитувани,

Би сакале да Ве известиме дека последен работен ден на УАКС во 2017 година ќе биде среда, 27 декември 2017 година. Во периодот 25-27 декември 2017, Универзитетот ќе работи во периодот од 8 часот до 16 часот.

Просториите на Универзитетот ќе бидат затворени во текот на зимскиот распуст, односно во периодот 28.12.2017 до 08.01.2018 година.

Согласно академскиот календар за 2017/2018 година, Ве известуваме дека прв работен ден на Универзитетот во новата 2018 година ќе биде 9 јануари (вторник).

Во периодот 09.01.2018 до 12.01.2018 година, е предвидена неделата за учење за студентите на додипломски студии. Воедно, неделата за полагање на завршните испити ќе се одржи во периодот 15.01.2018 до 22.01.2018 година.

Универзитет Американ Колеџ Скопје на своите студенти, наставници и административен кадар им посакува среќни празници и зимски распуст!

Со почит,
Универзитет Американ Колеџ Скопје

Similar Posts