Студенти од УАКС на семинар за идни НАТО лидери

На 18-19 октомври 2017 година, студенти од Факултетот за политички науки при УАКС учествуваа на семинарот на тема „Денес национални, утре НАТО лидери“, кој го организира Центарот за економски политики, анализи и консалтинг (ЦЕПАК) од Скопје, во соработка со Одделот на НАТО за јавна дипломатија. Семинарот вклучи околу 50 студенти од приватни универзитети, а со цел за продлабочување на нивните знаења за НАТО и за можностите Македонија да стане членка на оваа воено-политичка алијанса. Главни говорници беа: првиот македонски министер за одбрана, проф. Трајан Гоцевски, поранешниот началник на ГШ на АРМ, генерал потполковник Мирослав Стојановски, претставници од НАТО и од Министерството за одбрана и други дипломати.

Similar Posts