УАКС препорака во пресрет на новата Академска година 2021/2022

Почитувани студенти,

Се наближува почетокот на новата академска година на Универзитет Американ Колеџ Скопје, и во рамки на нашите подготовки за тоа, би сакале да Ве известиме за нашите следни планови.

Во текот на месец јуни, Универзитет донесе одлука за начинот на организирање на наставата, според која во план е враќање на наставата во предавалните, односно продолжување со настава со физичко присуство. Главната причина за тоа е што силно веруваме дека нема подобра и поквалитетна настава од наставата лице в лице.

Сепак, со оглед на здравствената состојба во земјата, како и со цел подобрување на безбедноста и здравствената сигурност на сите инволвирани во едукативните процеси, вработените на УАКС се веќе целосно вакцинирани – и од наставниот, и од административниот кадар.

Во ова наше обраќање до вас, би сакале да ви препорачаме да се вакцинирате и вие.

 

Според податоците, имунизацијата е единствен начин да се избориме со предизвикот наречен Ковид-19. Успешната имунизација се постигнува на два начини:

  1. Со вакцинација
  2. Со прележување и подоцнежна вакцинација

Според сите податоци досега, вакцините се безбедни и успешни. Заклучно со 5 август 2021 г., од 416.614 вкупно вакцинирани со две дози, само 167 лица добиле Ковид-19 делта. Тоа е само 0.04% од вакцинираните.

 

Драги студенти, се надеваме дека ќе не разберете искрено и вистински.

Ние, како УАКС, не можеме да ве обврземе на вакцинирање, доколку самите вие тоа не го сакате. Сѐ што можеме ние да сториме да сугерираме и да го препорачаме тоа што го препорачува науката:

Вакцинирањето значи безбедност и здравје!

Вакцинирањето е единствен пат до најквалитетна настава – настава во предавална!

Нашата настава ќе продолжи да функционира на начин што е најсоодветен на вашите барања и потреби, а во согласност со сите здравствени обврски и препораки. Сепак, ова е моментот во кој е неопходно секој од нас да покаже лична одговорност кон општото здравје, како чекор кон стабилна и безбедна иднина.

 

Искрено, се надеваме дека ќе се видиме во предавална!

 

Со почит,

Тимот за комуникации на УАКС

Во име на Вашите професори и персоналот на Универзитет Американ Колеџ Скопје

 

Similar Posts