Гостин-предавач во рамки на предметот Подготовка за превод и толкување

На 14 февруари 2018 година, д-р Марија Тодорова го посети УАКС како гостин-предавач во рамки на предметот Подготовка за превод и толкување, кој го слушаат студентите во втора година додипломски студии на Факултетот за странски јазици при УАКС. Студентите и нивниот предметен наставник вон. проф. д-р Марјана Ванева, имаа можност да слушнат за првото искуство со преводот на д-р Тодорова, за нејзината работа со превод се до сега, како и да проследат дискусија за нејзиниот последен проект кој вклучува превод, „Глас и стих“ (Voice and Verse), на кој што таа соработува со колега од Хонг Конг.

Д-р Тодорова има диплома за завршени докторски студии по англиски јазик и литература – преведувачки студии од Баптистичкиот универзитет од Хонг Конг, каде предава превод.

Студентите учествуваа во плодна дискусија со гостин-предавачот, зборувајќи за нивното преведувачко искуство и предвидување на предизвиците во оваа професија.

Similar Posts