Вон. проф. д-р Марко Андонов именуван за претседател на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата во Р. Македонија

Со Одлука на Владата на Република Македонија од 28.11.2017 година (Сл. весник на РМ бр.182/2017), деканот на Факултетот за правни науки, вон. проф. д-р Марко Андонов е именуван за претседател на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата во Р. Македонија.

Помеѓу другото, надлежностите на наведениот Одбор се однесуваат на утврдување на исполнетоста на условите за издавање на уверение за завршена обука на медијатори, креирање на база на прашања за полагање на испит за медијатори, издавање лиценци за медијатори и за обучувачи на медијатори, акредитирање на програми за обука на медијатори, утврдување на методологија и начин на вршење на мониторинг и евалуација на квалитетот на работење во областа на медијацијата во Р. Македонија.
Повеќе информации се достапни на следниот линк.

Similar Posts