In memoriam: prof. Veno Pacovski PhD

In memoriam: prof. Veno Pacovski PhD

It is with immense sadness and disbelief to receive the information that today, 25 November 2020, our Dean of SCSIT, prof. Veno Pacovski PhD, has passed away. He was one of the most esteemed professors in the country, an excellent educator and one of the favorite teachers among our students. He will be dearly missed.

Born in 1965 in Skopje, prof. Pacovski has been successfully building his professional career in the fields of mathematics and information technology. His work began in 1989, when he started teaching Mathematics, Calculus, Spherical trigonometry, Databases, Programming and Computer applications at the Faculty for Civil engineering. In 2007 he received his PhD at the Faculty of Natural sciences at “Ss. Cyril and Methodius” University in Skopje, and in 2009, he transferred to UACS, where he taught a variety of courses in the fields of mathematics, database and information systems. In 2018, he became Dean of the School for Computer Science and Information Technology at UACS.

His research interests were wide, ranging from natural language processing, through theory of computation and encryption, and all the way to social networks and social media, e-democracy and e-government. His contribution to science, theory and innovation, as well as his dedication to education, have been admirable. Plenty of generations of students have had the privilege of attending his classes and learning from his knowledge, skills and insight. He has left a mark on so many lives and he has been an inspiration to us all.

The untimely passing of prof. Pacovski has left a big impact on our University and it is a loss for all of us. We are deeply grateful and honored to have been a part of his career and part of his life.

The book of memories and condolences can be signed via e-mail to info@uacs.edu.mk. The commemoration in the honor and memory of prof. Veno Pacovski will be held online, on Monday, 30.11.2020, 12h. It is open to the public and can be accessed on the following link.

========

Со голема тага и неверување ја добивме веста дека денес, на 25 ноември 2020 г., нашиот Декан на ФКТИ, проф. д-р Вено Пачовски, почина. Тој беше еден од најистакнатите професори во земјата, врвен едукатор и еден од омилените наставници на нашите студенти. Ќе ни недостасува на сите.

Роден во 1965 г. во Скопје, проф. Пачовски успешно ја градеше својата професионална кариера во областите математика и информациска технологија. Почетоците на неговата работа се во 1989 г., кога тој почнува да предава по предметите математика, алгебра, тригонометрија, бази на податоци, програмирање и компјутерски апликации на Градежниот факултет при УКИМ, Скопје. Во 2007 г. тој докторира на Факултетот за природни науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 2009 г. тој се префрли на УАКС, каде што предаваше повеќе предмети од областите математика, бази на податоци и информациски системи. Во 2018 г. тој стана Декан на Факултетот за Компјутерска техника и информатика при УАКС.

Неговите истражувачки интереси беа широки, движејќи се од обработка на природни јазици, преку алгоритми и енкрипција, па сe до социјални мрежи и социјални медиуми, е-демократија и е-владеење. Неговиот придонес кон науката, теоријата и иновацијата, како и неговата посветеност на образованието, се за голема почит. Бројни генерации студенти имаа привилегија да ги посетуваат неговите предавања и да учат од неговото знаење и вештини. Тој влијаеше на многу животи и беше инспирација за сите нас.

Прераното заминување на проф. Пачовски е голема загуба за нашиот Универзитет, и е загуба за сите нас. Длабоко сме благодарни и почестени што бевме дел од неговата кариера и дел од неговиот живот.

Книгата на сочувство и спомени може да биде пополнета со порака на info@uacs.edu.mk. Комеморацијата во чест и спомен на проф. д-р Вено Пачовски ќе се одржи онлајн, во понеделник, 30.11.2020 г., во 12ч. Отворена е за јавноста и до неа може да се пристапи на следниот линк.