Глобален менаџерски предизвик на Проктер и Гембл – Презентација (17 Окт 15:30 часот Амфитеатар 1)

Драги студенти,

Утре, вторник (17. октомври) од 15.30 – 16.30 часот во Амфитеатар 1, ќе гостува претставничка од Проктeр и Гембл – Романија, централата која е одговорна за оваа светска компанија за целиот овој регион.
Имено, таа ќе објасни накусо за Проктeр и Гембл, а ќе даде повеќе информации наменети за студентите кои би биле заинтересирани да земат учество во Глобалниот менаџерски предизвик на компанијата. Натпреварот се организира секоја година и цели на студенти кои слушаат 3та, 4та и 5та година. Има многу примамливи награди и учества на работнилници со најуспешните од целиот свет.
Во Македонија, само нашиот универзитет има чест директно да се обратат на студентите. За натпреварот ќе можете да прочитате повеќе на следниот линк, а доколку сте заинтересирани за подетални информации повелете на информативниот состанок.
https://pgcareers.com/ceo-challenge

Similar Posts