УАКС учествуваше на Отворените денови на СГГУГС „Здравко Цветковски“ и „СУГС Георги Димитров“

На 19 март 2018 година, УАКС учествуваше на Отворените денови на СГГУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје и СУГС „Георги Димитров“ – Скопје.

За време на посетата на СГГУГС „Здравко Цветковски“, матурантите од ова средно училиште имаа можност да проследат предавање од проф. д-р Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД) при УАКС и соработникот на ФАД, Фетах Фетаху. Тие зборуваа за архитектурата, разликата меѓу студиите на ФАД и другите факултети за архитектура и дизајн, начинот на работа, критериумите кои треба да ги исполни студентот за добивање на оценка, студиски насоки, предмети кои ги слушаат студентите, и сл. Потоа, раководителот на службата за студентски прашања, Ива Миноска, ги презентираше условите и поволностите од студиите на Универзитетот, студиските програми, Отворениот ден на УАКС, конкурсот за доделување на стипендии за академската 2018/2019 година, притоа давајќи им ги на потенцијалните студенти сите потребни информации.

УАКС имаше свои претставници и на Отворениот ден на СУГС „Георги Димитров“ – Скопје. Наставникот на Факултетот за деловна економија и организациони науки (ФДЕИОН), вон. проф. д-р Илијана Петровска, заедно со координаторот на одделот за маркетинг, Ема Кастратовиќ, на заинтересираните матуранти им ги претставија поволностите од студиите на Универзитетот, начинот на одвивање на наставниот процес, студиските програми, и сл. Учениците од четврта година кои беа присуствуваа на оваа презентација, поделени во тимови, имаа можност да учествуваат во играта „Предизвик со шпагети“ (Spaghetti Challenge), со која требаше да изградат највисока кула составена од шпагети, и да го развиваат својот креативен дух. Победничкиот тим освои вредна награда од УАКС.
Во текот на натпреварот, преку дискусија за областа на студии која најмногу ги интересира, тие добија насоки за донесување на вистинската одлука за нивното понатамошно образование и како да го направат вистинскиот избор на универзитет.

Универзитет Американ Колеџ Скопје ги реализираше своите презентации како дел од проектот „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми“, инициран од Градот Скопје.

 

Similar Posts