Студентите од странски јазици присуствуваа на промоција на романот „Деликатност“ на Давид Фоенкинос

На 20 ноември 2017, студентите од Факултетот за странски јазици при УАКС кои слушаат настава по предметот ‘Француски јазик’ со доц. д-р Ивана Трајаноска-Стефановиќ, присуствуваа на промоцијата на романот на Давид Фоенкинос, насловен „Деликатност“ (La délicatesse), кој е преведен на македонски јазик.

Настанот се одржа во Францускиот институт во Скопје.

Давид Фоенкинос е француски автор и сценарист. Неговиот роман „Деликатност“ (La délicatesse) е бестселер во Франција, со повеќе од еден милион продадени копии. Филмот снимен по сценариото кое се заснова на романот беше издаден во 2011 година, а Одри Туту ја толкува лавната улога. Во 2014 година, тој ја доби престижната книжевна награда ‘Prix Renaudot’ (Ренодо) 2014 за неговиот роман „Шарлота“.

Similar Posts