Проф. д-р Марјан Бојаџиев учествуваше во разговорите со извршни лидери во организација на Американската стопанска комора во Македонија

Проф. д-р Марјан Бојаџиев учествуваше во разговорите со извршни лидери (Executive Leadership talks) со Никола Бертолини, шеф за соработка на Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Состанокот се одржа на 23 август 2018 година (четврток), и беше организиран од нашата долгогодишна членка на Деловниот совет, Американската стопанска комора во Македонија (AmCham Macedonia).

Г. Бертолини зборуваше за главните предизвици со кои се соочува приватниот сектор во земјава, со посебен акцент на поддршката која државниот сектор ја пружа на компаниите, развојот на малите и средни претпријатија во североисточниот, јужнозападниот и полошкиот регион, техничките и финансиските препреки со кои се соочува бизнис секторот, како и мерките и активностите кои би можела да ги имлементира Европската Унија, со цел да го подготви приватниот сектор за внатрешниот пазар на Унијата.

Овој настан беше дел од серијата на настани кои се наменети за раководствата на компаниите-членки на Американската стопанска комора во Македонија, што овозможува единствен пристап до политичките, компаниските и институционалните лидери, чија што експертиза, знаење и искуство, придонесува за обликување на бизнис, политичката и општествената клима во Република Македонија.

Similar Posts