Вон. проф. д-р Марко Андонов учествуваше на годишна конференција на мрежата на Советот на Европа за едукација за човекови права за правни професионалци

Деканот на Факултетот за правни науки при УАКС, вон. проф. д-р Марко Андонов, учествуваше на годишната конференција за 2017 година, организирана од мрежата на Советот на Европа за едукација за човекови права за правни професионалци, „ХЕЛП“, насловена „ПОМОШ за пријателска правда“. Конференцијата се одржа во периодот од 19-20 јуни 2017, во Стразбур, Франција.

Поздравните обраќања ги дадоа Амбасадорот Емил Руфер, постојан претставник на Република Чешка во Советот на Европа и сегашен претседавач на Комитетот на членови, и Христос Џакомупулос, директор на Дирекцијата за човекови права на Советот на Европа.

Обединувајќи над 130 ученици-претставници од институции за обука на судии и јавни обвинители и адвокатски комори, целта на конференцијата организирана од Програмата на Советот на Европа за едукација за човекови права за правни професионалци, „ХЕЛП“, беше да ја претстави последната судска пракса на Европскиот суд за права во врска со судството, како и да ги информира присутните во врска со достигнувањата и активностите на „ХЕЛП“ во периодот 2016-2017 година, неговата иднина и зголемувањето на членството. Воедно, учесниците од државните институции за обука и адвокатските комори беа поделени во две работни групи, притоа дискутирајќи за прекугранична соработка во областа на обука за човекови права.

На вториот ден од конференцијата, учениците следеа предавања за правата детето, право на работа за деца, човекови права, насилство врз жени, семејно насилство, итн.

Конференцијата исто така беше посетена од партнерите и сојузниците на „ХЕЛП“, вклучувајќи ги претставниците од Европската унија, Европската агенција за фундаментални човекови права (ЕФРА), Европската мрежа за судска обука, Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, итн.

За повеќе информации околу годишната конференција на Програмата на Советот на Европа за едукација за човекови права за правни професионалци за 2017 година, Ве молиме посетете го следниот линк.

Similar Posts