УАКС потпиша меморандум за соработка со Универзитет Сингидунум во Белград

Во текот на изминатата недела Универзитет Американ Колеџ Скопје потпиша меморандум за соработка со Универзитет Сингидунум во Белград. Средбата иницираше понатамошно залагање од обете страни за студентски размени, наставен кадар, размена на искуства, практична настава и комплементарни програми се со цел поголема соработка во регионот.

Во следниот период следуваат низа активности за креирање на Joint Degree диплома како и учество во истражувања  во заедничките програми на докторските студии. Среќни сме што образованието на двете земји, се движи во иста насока во рамките на глобалното образование.

Посетата беше во рамките на програмата за Европски образовни политики, Ерасмус+ Staff mobility.

Претставници на УАКС беа:

Сандра Грујевска, Кариерен Центар на Уакс и Деловен Совет

Димче Мицевски, Маркетинг Комуникации и Лице за односи со јавност

 

Similar Posts