Гостинско предавање на тема: „Форензички истраги на место на настан и континутет на материјалните докази“ во рамки на ФПРН

На 22 ноември 2017 година, студентите од Факултетот за правни науки при УАКС, во рамки на предметот Криминалистика кој го предава доц. д-р Јелена Ристиќ, имаа можност да следат предавање на тема „Форензички истраги на место на настан и континуитет на материјалните докази“. Предавањето го одржа гостинот предавач вон. проф. д-р Слободан Оклевски, началник на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и вонреден професор на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

При презентацијата, детално беа претставени надлежноста, организацијата и начинот на функционирање на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР, како и видовите траги од кривични дела и методите на криминалистичка идентификација на лица и предмети. Исто така, студентите имаа можност во живо да видат како изгледаат и како се користат инструментите и опремата наменети за вршење на форензички истраги на место на настан. Притоа, дел од студентите имаа можност, со користење на соодветни инструменти, самостојно да вршат определени откривања на траги во вид на отисоци од дланка.

Similar Posts