Д-р Димитринка Јорданова Пешевска присуствуваше на 13та Светска конференција за превенција на повредите и насилството

Д-р Димитринка Јорданова Пешевска доцент по здравствена псхологија и советување на УАКС, факултетот за Политички науки и психологија присуствуваше на 13та Светска конференција за превенција на повредите и насилството, Безбедност 2018 – „Напредок во превенцијата на повредите и насилството преку  Целите за оддржлив развој“.  Таа презентираше труд под наслов: „Ризик фактори – предиктори за виктимизација кај студентите во периодот на средната и доцната адолесценција“ и постер презентација насловена: Поврзаноста на злоупотребата и занемарувањето кај децата со индивидуалните, релациските и контектуалните фактори кај адолесцентите“. Двата абстракта  беа публикувани во British Medical Journal – Injury Prevention supplement.

Конференцијата се одржа во Банкок, Тајланд во период од 5-7 ноември 2018 година прганизирана од страна на Министерството за јавно здавје на Тајланд и Светска здравствена организација.  13та Светска конференција за превенција на повредите и насилството, Безбедност 2018  беше  посветена на превенцијата на повредите и насилството како глобални јавно-здравствени проблеми , со учество на  над 1000 светски водечки експерти,   истражувачи, практичари, креатори на политики и активисти за да споделат информации и искуства и да дискутираат решенија.

Similar Posts