Вон. проф. д-р Иван Додовски како визитинг професор на Универзитетот Дарби, Велика Британија

Д-р Иван Додовски, вонреден професор и декан на Факултетот за политички науки при УАКС беше поканет да предава на Универзитетот Дарби во Велика Британија, како дел од Еразмус+ програмата меѓу двата универзитети.

Во периодот од 1 до 15 февруари 2017  година, вон. проф. д-р Иван Додовски одржува предавања за студентите на додипломски и постдипломски студии кои следат настава по предметот „Југославија и потоа“.

Исто така, на 8 февруари 2017 година (среда), вон. проф. д-р Додовски презентираше труд пред Истражувачкиот кластер за идентитет, култура и претставување при Факултетот за општествени науки на Дарби. Трудот со наслов „Промена на идентитетот: тезите за антиката во македонската проза и драма“ го објаснува развојот на културата во Македонија во текот надваесет и пет годишниот период од политичката транзиција, која бележи очигледна промена на словенските културни влијанија со оние на класичната антика.

Similar Posts