Проф. д-р Зоран Шапуриќ учествуваше на 7-та меѓународна конференција за екосистеми во Тирана

Од 2 до 4 јуни 2017 година, проф. д-р Зоран Шапуриќ од Универзитет Американ Колеџ Скопје учествуваше на меѓународна научна конференција насловена „7-ма меѓународна конференција за екосистеми“ (Seventh International Conference of Ecosystems (ICE 2017)), организирана од Универзитетот во Мериленд, Колеџ Парк, САД, Универзитетот Селчук, Конија, Турција, Политехничкиот универзитет од Торино, Италија и Универзитетот од Тирана, Албанија.

Конференцијата се одржа во Тирана, Албанија.

На конференцијата, како пленарен презентер, проф. д-р Зоран Шапуриќ го презентираше својот истражувачки труд  „Предизвиците во управување со отпад во градот Скопје“ (“Challenges of Waste Management in City of Skopje“). Исто така, тој претседаваше со една сесија на конфeренцијата.

Similar Posts