Доц. д-р Снежана Христова како гостин-предавач на Факултетот за менаџмент во туризам при Универзитетот во Ријека, Хрватска

Во периодот од 28 април до 5 мај 2017година, доц. д-р Снежана Христова, наставник на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, беше гостин-предавач по предметот Стратешки менаџмент на Факултетот за менаџмент во туризам и угостителство при Универзитетот во Ријека, Хрватска.

За време на предавањата, доц. д-р Христова, ги опфати следните теми: „Што е лидерство?“, „Управување со човечки капитал: зошто лидерството игра значајна улога?“, и „Креирање на стратегија за управување со квалитет“.

Предавањата на доц. д-р Снежана Христова беа реализирани како дел од мобилноста на наставен кадар овозможена преку Централно-Европската програма за размена на универзитетски студии (ЦЕЕПУС).

 

Similar Posts