Трудови на наставен кадар на УАКС објавени на базата „Веб оф сајенс“

Двајца наставници на УАКС учествуваа на 4-тата Меѓународна мултидисциплинарна научна конференција – Конференција за општествени науки и уметност (SGEM 2017), и ги објавија своите трудови како дел од зборникот на трудови на истоимената конференција. Трудовите се индексирани во престижната листа на Томсон Ројтерс, „Веб оф сајенс“ и датабазата, „Веб на знаење“, а вклучуваат индекс 4.

За потребите на конференцијата, вон. проф. д-р Марјана Ванева, декан на Факултетот за странски јазици, објави труд насловен „За продуктивноста на прототип глаголска именка без изведување на македонски јазик“, додека трудот насловен „Маркер дискурсот „па“ во говорниот англиски јазик на студентите на универзитетите во Македонија“, е заеднички труд на вон. проф. д-р Марјана Ванева и вон. проф. д-р Вено Пачовски, кој е дел од наставниот кадар на Факултетот за компјутерска техника и информатика при УАКС.

  

Повеќе информации за зборникот на конференцијата со импакт фактор, се достапни на следниот линк.

Similar Posts