Утре започнува „Студентска музичка пролет“ на УАКС

Утре, 18 април 2018 година, со почеток во 11:00 часот, во надворешната кафетерија, со концерт на групата Shikachi Ensemble, ќе започне манифестацијата „Студентска музичка пролет“ на Универзитетот Американ колеџ Скопје.

Манифестацијата опфаќа концерти, предавања, студентска дебата и трибина.

Деталите може да ги најдете во програмата.

Во рамки на манифестацијата „Студентска музичка пролет“, на 27 април 2018 година, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи студентска трибина, на која студенти од УАКС ќе зборуваат и ќе покажат што значи уметноста за нив.

Сите заинтересирани студенти кои свират, сликаат, пеат, или се занимаваат со која било уметност, може да се пријават за учество на trajanoska@uacs.edu.mk.

Similar Posts