Одржана 2-та седница на Конференција на приватни високо образовни установи

На 06.11.2019 година во просториите на Европски универзитет – Република Македонија во Скопје, се одржа втората седница на Конференцијата на приватни високообразовни установи (КПВУ), чиј претседател е проф. д-р Томе Неновски, ректор на УАКС, а на која присуствуваше и министерот за образование и наука на РСМ, д-р Арбер Адеми.

На седницата беше разговарано за проблемите поврзани со остварувањето на законската обврска секоја единица во рамки на високообразовната установа да има најмалку десет наставници во редовен работен однос, актуелните проблеми околу конституирањето на одборот за акредитација, одборот за евалуација и националниот совет за високо образование, како и останати актуелни прашања кои произлегуваат од Законот за високото образование.

Откако Министерот за образование и наука, ги слушна проблемите со кои се соочуваат приватните високообразовни установи во РСМ и колизијата на законските одредби со одредбите на одделни подзаконски акти, беше донесен заклучок според кој КПВУ, до Министерот за образование и наука да достави писмен извештај за проблематичноста на одделни одредби од Законот за високо образование, како и предлог решенија за нивна измена, по што Министерот за образование и наука, ќе ја извести КПВУ за превземените дејствија.

Similar Posts