Аудиција за Универзитетски хор на УАКС – 30.09.2017

УНИВЕРЗИТЕТСКИ ХОР НА УАКС – под раководство на диригентот м-р Илија Атанасов

Поканети се СИТЕ сегашни и поранешни студенти, постдипломци, професори и сите вработени на УАКС.

Аудиција: сабота, 30 септември 2017, во 11 часот, амфитеатар 2 на 5-ти кат

(или пријавете се на 070-441-263 и по ел. пошта atanasov.ilija@gmail.com)

Ако уметноста е духовно здравје, усовршување, еманација на целокупната личност, израз на интелектуалниот и емоционално-афективниот момент на човекот, тогаш хорската уметност е најдостапниот, најмасовен, најнепосреден и денес можеби најнапреден начин на уметничко изразување. Способноста за заедничко музицирање е секогаш круна на стручноста, способноста и зрелоста на личноста во професионалноста во својата област (која било и да е таа област).

Универзитетските хорови денес не се само сведок за квалитетот, зрелоста, ефикасноста и популарноста на Универзитетите  кои ги формираат туку тие денес се и најпрестижните хорови во светската хорска музика:

  • многу големи дела зазвучуваат со универзитетските хорови,
  • на меѓународните хорски натпревари секогаш се со највисоки награди, со што тие
  • претставуваат репрезент и на уметноста и културата на Универзитетот, но и на земјата од каде доаѓаат.

Универзитетскиот хор при УАКС се подготвува за годишен концерт и учество на натпревар, квалитетот на хорот и неговиот настап ќе зависи од вашата креативност, желба за заедничко музицирање и тимска работа.

Ви треба само желба и талент, а добивате: екстра кредити, сертификат за редовно учество во хор, учество на натпревари, јавно признание, патувања и пријателства!

Придружете се!

Similar Posts