Г-дин Оливиер Колевски како меѓународен визитинг професор на МБА програмата на УАКС

Во периодот од 19-24 јуни 2017 година, УАКС има чест и задоволство да биде домаќин на меѓународниот визитинг професор, г-дин Оливиер Колевски. Како професор и меѓународен предавач на Универзитетот „Мелун Сенарт“, тој го споделува своето знаење и искуство со студентите на МБА програмата на нашиот Универзитет, за време на наставата по предметот ‘Стратешки менаџмент’.

На 22 јуни 2017, тој одржа предавање пред МБА студентите на тема „Стратегија на синиот океан“. Предавањето беше посетено од страна на ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев.

Г-дин Оливиер Колевски е алумни на ИНСЕАД – Факултетот за бизнис на светот, каде што тој се има стекнато со диплома за завршени постдипломски студии по ‘меѓународен проект менаџмент’ преку Извршната програма за тренинг, која е дел од е-МБА програмата. Воедно, тој е експерт за Источна Европа и менаџер за меѓународна трговија.

Similar Posts