Зголемено објавување на трудови во списанија со импакт фактор на УАКС

Наставниот кадар на УАКС, вон. проф. д-р Ана Томовска-Мисоска, д-р Јадранка Мршиќ и м-р Македонка Димитрова неодамна објавија статија во хрватското списание со импакт фактор, „Економско истражување“ (Ekonomska Istraživanja).

Тие отпочнаа и спроведоа истражување меѓу студентите на бизнис студии на три универзитети во Република Македонија, со цел оценување на нивните претприемачки цели. Примарниот извор на информации е особено значаен во општествените науки, бидејќи истиот претставува единствен начин за пишување на оригинални истражувачки трудови. Единствено трудовите со силни докази во споредба со претходното истражувачко тело во релевантната област, успеваат да ги задоволат строгите прегледи на трудовите, спроведено од страна на уредниците и рецензентите на научните списанија.

Статијата „Двигатели на претпримачките цели на студентите на бизнис студии во македонија“ (Drivers of entrepreneurial intentions among business students in Macedonia) е објавенa во последното издание на научно-истражувачкото списание „Економско истражување“, Issue 1.

Similar Posts