Известување за активности на УАКС со цел справување со моменталната состојба со загадувањето на воздухот во градот Скопје

Почитувани,

Би сакале да ве известиме дека во рамки на корпоративната општествена одговорност и постојаната грижа за добросостојбата на своите студенти, вработени и пред сè – граѓани на градот Скопје и РМ, Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) ги презема следните активности, со цел справување со моменталната состојба со загаденоста на воздухот во нашиот главен град.

  1. Наставата на прв, втор и трет циклус студии на Универзитетот ќе продолжи да се одвива согласно усвоениот академски календар за 2017/2018 година и распоредот на предавања за есенскиот семестар.
  2. Низ просториите на Универзитетот, ќе бидат поставени прочистувачи на воздух, наменети за прочистување на воздухот од штетните ПМ честички и намалување на вирусите и бактериите.
  3. Во секоја од просториите каде што се изведува наставниот и работниот процес, ќе бидат поставени растенија кои помагаат при апсорпција на штетните материи од воздухот.
  4. На рецепција (Front Desk) на 3-ти кат, ќе бидат поставени медицински маски за лице.
  5. На студентите кои имаат хронични заболувања, им се дозволува отсуство од предавањата, кое ќе биде оправдано од страна на предметниот наставник и евидентирано во службата за студентски прашања.
  6. Се препорачува студентите и вработените да го поделат превозот со автомобил од своето место на живеење до УАКС и во обратен правец, со цел барем малку да придонесеме кон намалување на емисијата на штетни честички во воздухот.

Се препорачува овие мерки да се применуваат сè додека преовладува моменталната состојба со загадувањето на воздухот во градот Скопје.

Официјалното известување е достапно на следниот линк.

Со почит,
Универзитет Американ Колеџ Скопје

Similar Posts