Маја Цветанова, Маркетинг Менаџер од Макпрогрес, гостин предавач на УАКС

На предавањата имавме можност да слушнеме за стратегијата за раст и развој на Макпрогрес, за производствено портфолио на Макпрогрес и нивните познати линии на производи Винчини, Сончева Долина, Дониа, Натура, Фантазија, Армонија, и др., за извозниот маркетинг на компанијата, за новите инвестиции, за деловните одлуки за аквизиции со цел проширување на производствено портфолио и сл.

Покрај целосното практичнпримена на маркетинг концептот во најголемиот извозник на кондиторски производи од нашата земја, задоволство беше да се чуе и за новите инвестиции на Макпрогрес, како и за отворањето на Винчини академијата за чоколадо како и производството на craft чоколадо како прв ваков концепт во нашата земја.

Предавањето беше одлична можност да се увиди дека теоретскиот дел кој го обработуваме на нашите предавања е целосно применлив во пракса.

Similar Posts