ИутеКредит донатор на фондот за стипендии за академската година 2019/2020 на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Универзитетот Американ Колеџ Скопје на своето 8-мо годишно собрание, додели благодарница на финансиското друштво ИутеКредит како општествено одговорна компанија која инвестира во проекти од јавен интерес и го поддржа фондот за стипендии на универзитетот за академската 2019/2020.

Со оваа активност ИутеКредит ќе допринесе во развојот на квалитетен кадар, преку соодветно образование на тој начин што ќе им се даде шанса на сите потенцијални студенти кои имаат остварено одличен успех и реална потреба од финансиска помош за продолжување на своето образование.

Во Американ Колеџ студентите ќе имаат можност да го стекнат своето знаење преку комбинација на најдобрите образовни методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем. Во таа насока со придонесот кој што ИутеКредит го дава во буџетот за стипендии, им се овоможува на студентите да студираат во една од најдобрите образовни институции со финансиско олеснување за надоместокот за студирање.

Универзитетот Американ Колеџ Скопје е високообразовна институција основана во 2005-та година. Тоа што го разликува овој универзитет од останатите е меѓународната компонента од која произлегува јачината и додадената вредност која ја нудат на своите студенти со акцент ставен на професионализамот и на холистичкиот образовен пристап кон студентскиот развој.

ИутеКредит ja покажува својата општествена одговорност не само со придонес во образованието, туку и со активно вклучување во проекти и проекти од јавен интерес поврзани со спорт, здравство, како и заштита на животната средина.

Similar Posts