Млади претприемачи го споделуваат своето искуство на час

УАКС е познат како институција во која се негува духот на претприемништвото. Така, на денешниот час по Микроекономија, гостин-предавач беше Бошко Таневски, еден од основачите на Мr. Hot Dog. Тој ги сподели своите искуства за генерирање на идеи за својот старт-ап бизнис, но воедно и се фокусираше на трошковната структура која ја носи започнувањето на една компанија. Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС е силно врзан со студентите и алумните и ги охрабрува новозашишаните студенти да отпочнат сопствен бизнис, преку споделувањето искуства. Домаќини на младиот претприемач беа проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски и м-р Македонка Димитрова.

Благодариме Бошко за убавото предавање чекаме да не поканиш на час кај тебе и секако на по еден хот дог (кој сигурно веќе многумина го имаат пробано).

Similar Posts