Честитка за Велигден и известување за неработни денови на УАКС

Почитувани,

Универзитет Американ Колеџ Скопје на припадниците од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник – Велигден.

Нека овие денови Ви донесат Вам и на Вашите најблиски добро здравје, благосостојба, духовен мир, љубов и топлина во домовите.

Ве известуваме дека по повод велигденските празници, неработни денови на УАКС ќе бидат:

  • 6 април 2018 година (петок) – Велики петок, петок пред Велигден
  • 7 април 2018 година (сабота)
  • 9 април 2018 година (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

УАКС ќе биде затворен во периодот од 06.04.2018 година (петок) до 09.04.2018 година (понеделник).

Христос воскресна!

Со почит,
Универзитет Американ Колеџ Скопје

 

Similar Posts