Натпревар во Финансиско сметководство

На ден 28 декември 2016 година, во рамки на УАКС се одржа вториот натпревар во финансиско сметководство.

Студентите кои следат настава по предметот Финансиско сметководство со предметниот наставник, доц. д-р Снежана Христова, имаа за задача да направат финансиска анализа на двете најголеми фармацевтски компании во Македонија. Тие ги презентираа проектите пред комисија, составена од следните членови: д-р Јадранка Мршиќ (виш научен советник), доц. д-р Снежана Христова (предметен наставник по Финансиско сметководство) и г-ѓа Гордана Црцевска (сметководител на УАКС).

Би сакале да упатиме искрени честитки до членовите на тимот кои што го освоија првото место на вториот натпревар во Финансиско сметководство:

  • Галена Попоска Тренеска
  • Емил Бишев
  • Љупка Јорданова
  • Славица Доновска
  • Хелена Ана Величковски
  • Марија Јанкова

Честитки и продолжете со успешната работа!

Similar Posts