Околу 100 психолози и педагози од земјава беа дел од работилницата на Катедрата за психологија при УАКС

Денес, 16-ти октомври 2019, Катедрата за психологија при Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) организираше работилница на тема „Социјално и емоционално учење и развој во услови на современ начин на живот – предизвици на младите луѓе“, која се одржа во просториите на Универзитетот.

Предавач на работилницата беше меѓународниот експерт на УНИЦЕФ и научен истражувач од Универзитетот Џонс Хопкинс од САД, д-р Ребека Грејнџер-Елис, која има долгогодишно научно и тренерско искуство во областа на образованието, менталното здравје, социјалната кохезија и спречувањето насилство меѓу деца и адолесценти.

Работилницата беше од особено значење за сите присутни, психолози и педагози од градинки и училишта, професионалци од образовни институции, советувалишта, државни установи и здравствени и психотерапевтски центри, како и за сите што се занимаваат со работа со деца и адолесценти. На крајот од работилницата учесниците добија сертификат за присуство.

Similar Posts